386
ЕД Ширан на својот Инстаграм профил го најави објавувањето на својата нова песна „Bed Habits“, по пауза од четири години. Премиерата е закажана за 25 јуни.
Во описот на фотографиите што ги објави, напиша: „Моментот кога ќе сфатите дека вашиот прв соло сингл по 4 години излегува за неколку недели “.
„Работев во студиото последните неколку месеци и едвај чекам да ја слушнете „Bed Habits“. Јас секогаш имам цел да се поттурнам себеси и мојата музика во нови насоки и се надевам дека ќе го слушнете тоа во новиот сингл. Одлично е што се вратив“, изјави со задоволство пејачот.
Видеото со кое се најавува синглот и точниот датум на премиерата, го покажува Ширан со „вампирски“ заби и црни долги нокти.