Во организација на Шаховскиот клуб Алкалоид денеска во хотел „Континентал“ во Скопје, ќе се одржи Отворениот турнир во забрзан (рапид) шах „АЛКАЛОИД 2015“.
103
Турнирот ќе се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ.
ШК Алкалоид по традиција на крајот на годината на сите љубители на шахот им овозможува целодневно дружење и можност да се учествува во квалитетен турнир на кој ќе настапат преку сто шахисти од цела Македонија, а ќе има и странски играчи.
Организатор обезбедува трофеј, патични и други награди за победникот и за најдобрите во повеќе категории.
Почетокот на Отворениот турнир е во 10 часот, а од 14 часот и 30 ќе се одигра и традиционалниот Отворениот турнир за новинари во забрзан (рапид) шах