Кој може да ве запре штом имате 65 пратеника. Клучна е поддршката од 65 пратеника, таквиот закон ќе биде и легитимен и легален. Легитимен, бидејќи зад него стои парламентарното мнозинство, кое е резултат на поголем број партии и независни пратеници. Тој истовремено ќе биде и легален, зошто ќе биде донесен со мнозинство од над 61 глас, рече професорот Светомир Шкариќ на јавната дебата во Собранието.
„Ваквото Собрание не е компетентно да одлучува. Легален закон, 61 глас, сосема доволно. Единствен проблем е што ќе наидете на отпори за донесувањето на законот. Веројатно претседателот на Собранието нема да го потпише Законот, но за среќа го имаме претседателот на државата. Не ќе може ништо Уставниот суд, бидејќи со закон од 61, во случајот 65 пратеници, обезбедена е целонса уставност“, рече Шкариќ.
Тој потсети дека во државата веќе имало една изборна единица од 1998 до 2002 година, но со 85 пратеници.
„Нема ништо поприродно од тоа целата Република да биде една изборна единица, зошто само под тие услови може да се обезбеди еднаквоста на гласачкото тело, но да се пормени и донтовиот модел, кој и натаму ќе исфрла гласови. Ако размислите за други модели, на пример Баденовиот модел. Харов модел, една изборна единица со отворени и подвижни листи. Нашите сега се мртви, партиски листи. Треба да се отворат и да се раздвижат и тогаш ќе може да се подигне стручното ниво на пратениците, да се нема само еден туку повеќе независни пратеници кои ќе можат да соберат гласови за да го постигнат изборниот количник. Законикот кој е предложен треба да се објави во јавност и да се организираат две-три дебати“, нагласи Шкариќ.
А.Т.