Шкип Медиа: Арјанит Хоџа дневно троши 210 евра народни пари за кафиња и храна

479 прегледи

За само шест месеци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во рамки на Министерството, односно бифето Концепт БАР“,  кое е одбрано преку тендер исто така од македонската Влада, пренесува порталот Шќип медиа.

„Имајќи предвид дека од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби. Од шест месеци кои имаат 180 дена, само 110 дена се работни денови, отстранете ги викендите, тука и празниците од септември до февруари, така што министерството на Хоџа има дневни трошоци за кафе и храна приближно 210 евра на ден“, објави порталот Шќип медиа.

Овие податоци се добиени од буџетската транспарентност при Министерството за финансии, проект финансиран од УСАИД и ИРИ.

Слични содржини