Шкотската полиција купила електрични возила, но не и полначи за нив

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Властите во Шкотска останаа понижени откако беше откриено дека се инвестирало во електрични полициски возила, но не и во полначи што ќе овозможат нивно користење.

Повеќе од 20 полициски станици низ земјата добија нови автомобили, но полицајците не можеа да ги наполнат, туку зависат од трети лица и полначи на јавни места, јавија островските медиуми.

Полицијата на Шкотска потроши повеќе од 23 милиони евра на својот возен парк за да обезбеди „ефикасна и одржлива услуга за 21 век“.

Работите да бидат уште полоши, новите автомобили се распоредени на 21 локација, кои вкупно имаат 28 јавни станици за полнење во нивна близина.

Слични содржини