Лиз Трас денеска поднесе оставка од функцијата премиерка на Велика Британија, по недовербата искажана од нејзините колеги и опозицијата. Таа оваа функција ја вршеше само 45 дена.
По тој повод се огласи и премиерката на Шкотска, Никола Старџен, за која Лиз Трас беше четвртиот британски премиер откако Старџен ја води Шкотска.
If she doesn’t mind, I’ll now just wait for whoever will become the 5th PM (so far) during my time as FM 😉 https://t.co/eh7m6pg2X3
— Nicola Sturgeon (@NicolaSturgeon) October 20, 2022
„Ако (Трас) нема ништо против, јас сега ќе го пречекам петтиот премиер откако сум прва министерка“, напиша Старџен на Твитер.
Потсетуваме, Лиз Трас претходно изјави дека одбила да се сретне со премиерката на Шкотска, што наиде на осуда во јавноста со оглед дека Старџен е демократски избраната лидерка на оваа земја.