Шкријељ: Нашиот идентитет не може да е загрозен туку може да е зацврстен кон патот кон ЕУ

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Пратеничката Санела Шкријељ, во своето обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, вели дека мултикултурализмот се соочува со предизвици.

„Под различности не спаѓаат само етничките групи, туку сите суб-групи кои имаат повеќе идентитети. Нашите идентитети се градат во интеракција со различностите. Нашиот идентитет не може да е загрозен туку може да е зацврстен кон патот кон Европската унија“.

Таа посочи дека едно неодамнешно истрашување покажа дека имаме проблеми да живееме едно со други, или да живееме во близина на некои одредени групи.