Шкријељ: Законот за работни односи е подготвен и во новиот мандат, новиот парламентарен состав ќе го усвои

од Симе Стоиков
238 прегледи

„Секаде во светот праксата покажува дека демографските политики, прво, второ, трето, четврто дете, претходно имавме и пензија на мајката којашто ќе роди четврто дете, не даваат резултати. Тоа е факт и кај нас. Ние ја имавме истата мерка, а наталитетот постојано паѓаше. Ако тргнавме од 2009 кога се воведе таа мерка со наталитет 11,8, гледаме дека во 2017 сме завршиле 9,5.

Не се решаваат родителите да имаат дете заради надоместокот што ќе го добијат. Тоа станува збор за покомплексен систем на услуги. Градинките се многу клучен сегмент. Затоа во изминатите години дадовме силен фокус на она што значи изградба на нови градинки“, изјави пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Таа додаде дека тука спаѓа и економија на грижа каде што многу придонесуваат развојот на социјалните услуги на којшто работи изминатите неколку години Министерството за труд и социјална политика.

„Не станува збор само за градинките, туку и негата во домот, се она што значи грижа за стари лица, личната асистенција. Праксата покажува дека во оние земји каде што има позитивен тренд во однос на наталитетот, битно е жената да се ослободи од товарот на домашните обврски и да има кој да го сподели тоа.

Законот за работни односи е подготвен и во новиот мандат, новиот парламентарен состав ќе го усвои во делот на заедничка грижа и обврски во семејството, во однос на детето и воведување на татковско родителско отсуство. Тоа се мерки коишто даваат позитивен ефект ако зборуваме за демографски политики. Само надоместоците не даваат резултат“, заклучи Шкријељ

Слични содржини