Шлаканица за Источна Европа

од desk3
91 прегледи

 

Ако стане жешко, очекувајте од нас само морална поддршка. Така звучи пораката на Германците кон нивните сојузници од НАТО. Тоа е повеќе од срамно, пишува во својот коментар аналитичарот Михаел Книге за DW.

нато

Се во овој заплет е автентично и го одразува реално расположението. И во исто време се зборува за сериозен проблем во односите помеѓу трансатлантските партнери. Тематската студија на истражувачкиоте институт Pew Research Center со седиште во Вашингтон, покажува дека мнозинството германски државјани не сакаат да бидат вовлечени во воен конфликт со Русија, ако друга земја-членка на НАТО треба да биде заштитена според НАТО принцип за колективна одбрана.

Резултатот од ова истражување не е особено изненадувачко, имајќи ги предвид ладењето на односите меѓу партнерите од НАТО кои се случија по падот на Берлинскиот ѕид. Минатата година друго истражување покажа дека Германците сакаат нивната земја да стане независна од САД во областа на надворешната политика и политиката за безбедност.
Порака, која едвај ќе остане без последици

Иако сите приказни за нов почеток во односите меѓу трансатлантските партнери и покрај голем број на нови иницијативи кои се во таа насока, подлабоки промени така и не се забележуваат. Да не зборуваме за посветеноста, која масовно не се извршува – за минимум 2 проценти од БДП, што секоја НАТО држава треба да резервира за одбрана. Кажано поинаку: трансатлантскатаунија е сериозно разнишана.

И токму во таа смисла истражувањето на Pew Research Center е многу важно, бидејќи го покажува односот на партнерите кон централната тема од Северноатлантскиот договор – прашањето за колективната одбрана. Во основниот член 5-и е запишано: “Страните се согласуваат дека оружен напад врз една или повеќе од нив ќе се смета како напад против сите”.
Денес, 66 години по потпишувањето на овој договор, и во позадината на зголемената загриженост поради агресивното однесување на Русија во Украина, мнозинството Германци го отфрлаат принципот за колективната одбрана, и така практично го прогласуваат за неважечка суштината на Северноатлантскиот договор. Треба ли да бидат заштитени балтичките држави во случај на руска агресија против нив? Не, благодарам – велат 58 проценти од Германците.

Од гледна точка на германската историја тоа е повеќе од срамно и претставува звучи шамар за источните, а исто така и за Американците. Пораката на Германците кон нив звучи вака: стане ли жешко, од нас очекувајте само морална, но не и воена поддршка. Симболиката на ова послание е толку силна што таа едвај ќе остане без последици.

Почетокот на крајот?

При тоа никој не рекол дека Договорот за НАТО не може да биде променет. Напротив – може. На пример, со образложение дека трансатлантскиот воен сојуз стана анахрон и треба да биде прилагоден на сегашната ситуација – или пак директно да биде откажан. Но во таков случај треба да биде кажано јасно и гласно, а потоа да се премине кон реформирањето на пактот. Под услов Германија и уште две од големите земји-членки на НАТО да одбиваат при потреба да заштитуваат со воени средства свои сојузници, Алијансата можеби веќе се наоѓа на почетокот на крајот. Затоа е крајно време или да се преземе нешто за спасување, или да се предложи некакво реално алтернативно решение. За жал историскиот искуство покажува дека Германците и Европејците воопшто нема да го сторат ниту едното, ниту другото.