Шницли во сос од домати

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Состојки:

– 4 поголеми телешки или говедски шницли

– 1 главица кромид

– 5 чешниња лук

– 450 гр доматно пире

– 250 мл вино

– малку шеќер

– 3 лажици магдонос

– 2 лажици оригано

– 2 лажички мелена пиперка

– 1 говедска коцка за супа

– сол, бибер

– неколку лажици масло

Подготовка:

Покријте ги шницлите со пластична фолија, а потоа изударајте ги малку со чекан за месо.

Потоа се посолува, побиберува и се пржи од секоја страна додека не добие убава боја.

Во садот во кој сте ги пржеле шницлите по потреба додадете уште малку масло, па ситно исечкан кромид, половина од количината магдонос и пропржете околу четири минути.

Кон крајот на пржењето се додава лукот, се прелива виното и се динста околу пет минути за малку да испари виното.

Сите останати состојки освен магдоносот измешајте ги, додадете околу 700 мл вода и динстајте 35-50 минути додека месото не омекне. Се зависи од тоа колку се дебели шницлите и дали ги подготвувате со телешко или говедско месо, гответе ги шницлите подолго.

Потребно е 2/3 од течноста да испари и сосот убаво да се згусне. Кон крајот додадете сечкан магдонос.

Кога е готово, оставете го да отстои околу 15 минути пред да го послужите.

Послужете со варен ориз или пире од компири.

Слични содржини