Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска предупреди дека муницијата со осиромашен ураниум, која Велика Британија планира да ја испрати во Украина, ќе има сериозно негативно влијание врз здравјето на украинските војници кои ќе ја користат, како што беше случајот со војниците на НАТО на Косово во 1999 година.
Во интервју за телевизијата „Русија-1“, тој рече дека НАТО веќе користел таква муниција „за време на интервенцијата на Косово во Србија во 1999 година“ и дека последиците од нејзината употреба биле делумно истражени.
„Имаше последици по здравјето на оние кои ја користеа таа муниција. Имаше сериозни медицински состојби и тие беа проучувани. Меѓутоа, тие не испитале каков ефект имала муницијата врз оние против кои била употребена“, додаде рускиот министер, пренесува ТАСС.