Шојгу и Захарова на удар: Ова се санкциите со кои ЕУ го казнува Путин

од Nikola Popovski
185 прегледи

Иако лидерите на ЕУ во текот на денот ќе објават кои поединци и компании поврзани со Русија се на списокот на санкционирани поради украинската криза, британски „Гардијан“ објави конкретни имиња, повикувајќи се на извори од врвот на Европската унија.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, врховен командант на руските воздухопловни сили и Црноморската флота, водечки државни „пропагандисти“, како и 351 член на Думата се очекува да бидат цел на санкциите на ЕУ.

Мерките, кои мора да бидат потпишани од министрите за надворешни работи на ЕУ, ќе ги надминат оние што ги најавија САД и отидоа значително подалеку од санкциите на Борис Џонсон.

ЕУ ќе воведе замрзнување имот и забрана за патување за 23 лица, три банки и злогласната интернет „фабрика за тролови“ во Санкт Петербург, како одговор на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги признае самопрогласените републики Доњецк и Луганск како независни држави. Исто така, се очекува дека блокот ќе санкционира 351 пратеник на руската Државна дума кои гласаа за признавање на двете територии.

„Се чини дека сите се подготвени да усвојат санкции“, изјави висок дипломат на ЕУ за „Гардијан“. Челниците на Унијата имаат неколку часа да испратат коментари, а министрите се очекува да ги одобрат санкциите во 15 часот по средноевропско време.

Шојгу е на врвот на листата на санкции, бидејќи тој е „на крајот одговорен за воената акција против Украина“, според нацрт-листата во која Гардијан имал увид. Нему му се придружуваат Антон Ваино, началникот на Генералштабот на Путин, кој „игра активна улога во одлучувањето“, како и Игор Осипов, врховен командант на Црноморската флота и Сергеј Суровикин, врховен командант на руските воздушни и вселенски сили.

Меѓу другите високи функционери се вицепремиерот и претседател на државната банка ВТБ Дмитриј Григоренко и Игор Шувалов, претседател на Руската државна развојна банка ВЕБ, која игра важна улога во финансирањето на нејзиниот одбранбен сектор.

ЕУ ќе ги „погоди“ и руските „пропагандисти“, вклучително и портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захаров, и шефицата на каналот RT, Маргарита Симонјан, и двајцата познати по нивната остра антизападна реторика. На списокот е и Владимир Соловјов, про-Кремљ водител на каналот „Русија еден“.

Меѓу другите значајни личности на листата гсе Евгениј Пригожин, познат како готвачот на Путин. Пригожин е финансиран од Агенцијата за истражување на Интернет (ИРА), која исто така е додадена на листата на санкции на ЕУ.

Со седиште во Санкт Петербург, ИРА е попозната како „фабрика за тролови“, каде што блогерите работат дење и ноќе за да го преплават глобалниот интернет со про-путиновски и антизападни ставови.

Санкционирана е и Банката на Русија, за која претставниците на ЕУ веруваат дека е лична банка на Путин и на многу негови службеници.