Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека НАТО ја користи украинската криза како изговор за зајакнување на својата воена инфраструктура во Источна и Централна Европа.
Шојгу изјави дека годинава најголеми воени вежби ќе бидат Defender Europe 2023, на кои ќе учествуваат и земји кои не се членки на воениот блок.
„Започна уште една фаза од проширувањето на Алијансата. Се модернизира воената инфраструктура во Источна и Централна Европа, се распоредува јуришно оружје, а се зголемува обемот и интензитетот на заедничките вежби“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на ОДКБ.
Тој додаде дека има уште еден „алармантен аспект“, посочувајќи на „растечката агресивна реторика и заедничките нуклеарни мисии на земјите на НАТО во Источна Европа за практикување на употреба на системи за испорака на нуклеарно оружје, како и надградба на компонентите на американскиот глобален систем за ракетна одбрана“.
„Ова вклучува снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум и обиди за провокации и напади врз руски стратешки објекти“, рече Шојгу.