Идејата за забрана за влез на сите руски граѓани во ЕУ е манифестација на нацистичката политика, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Денес сме сведоци на уште една јасна манифестација на нацистичката политика, кога високи европски функционери ја промовираат русофобната идеја за блокирање на влезот во земјите на ЕУ на сите Руси“, рече Шојгу за време на своето обраќање на состанокот на првиот меѓународен анти- Фашистички конгрес во Москва, пренесува ТАСС.