Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на руските војници да ги засилат нападите во јужна и централна Украина.
Како што јави руската ТАСС, Шојгу издал наредба да се спречи украинската армија да ги гранатира градовите во Донбас.
Според соопштението на Министерството за одбрана, Шојгу ги посетил воените единици Југ и Центар во Украина, кои учествуваат во, како што ја нарекуваат, „специјална воена операција“.
„Шефот на руското Министерство за одбрана ги даде потребните инструкции за интензивирање на активностите на групите во сите оперативни области со цел да се исклучи можноста режимот на Киев да изврши масовни ракетни и артилериски напади врз цивилната инфраструктура и жителите на населените места низ Донбас и други региони“, се вели во соопштението.