267
Повеќе од 50 земји рекоа дека ќе ѝ достават оружје на Украина од почетокот на војната во 2022 година, но само 15 земји го исполнија ветувањето, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Тој наведе дека Украина досега добила 203 милијарди долари финансиска помош од „странски спонзори“, што е сума што го надминува нејзиниот БДП за 30 милијарди.
„Всушност, нејзината економија сега е банкротирана, бидејќи најголемиот дел од тоа финансирање се состои од заеми кои мора да се вратат“, рече Шојгу на состанокот на руското министерство за одбрана, а пренесе ТАСС.