Шојгу: Ослободувањето на ЛНР при крај, поголеми воени закани на запад

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека руската армија, заедно со единиците на Народната милиција на самопрогласените Лугански и Доњецки Народни републики (ЛНР/ДНР), продолжуваат да ја прошируваат контролата врз териториите на Донбас, додавајќи дека „ослободувањето“ на ЛНР е при крај.

Шојгу на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија изјави дека повеќе од 1.900 припадници на украинските сили блокирани во фабриката Азовстал во Мариупол веќе се предале, пренесува РИА Новости.

Шојгу оцени дека ситуацијата во западниот стратегиски правец се карактеризира со зголемување на воените закани во близина на руските граници.

Тој наведе дека бројот на летови на американските стратешки бомбардери во Европа е зголемен за 15 пати во последните осум години (од три на 45 годишно), како и дека влегувањето на американските бродови со ракетно оружје во Балтичкото Море добило систематски карактер.

Тој потсети дека најблиските соседи на Русија – Финска и Шведска, поднеле барање за членство во НАТО и оцени дека тоа ги зголемува тензиите на западните граници на Русија.

Слични содржини