Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко се сретна со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Во развојот на преговорите и договорите со претседателот на Русија, Сергеј Шојгу денеска долета на суштински и конкретен разговор на тема обезбедување на безбедност“, пренесува БелТА.
Лукашенко му рекол на Шојгу дека на Минск му се потребни гаранции за руската заштита на Белорусија како своја територија во случај на надворешна агресија.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја објави намерата на руската и белоруската страна да ја зајакнат соработката на полето на безбедноста.