Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изврши инспекција на руската борбена група „Запад“, која учествува во специјална операција во Украина.Тој издаде наредба за зголемување на ефикасноста на уништувањето на украинските беспилотни летала, особено во областите кои граничат со Русија.
– По увидот, генералот на армијата Сергеј Шојгу даде инструкции за натамошно зголемување на ефикасноста на уништување на непријателските беспилотни летала над пограничните области со Русија, како и за сузбивање на новите артилериски средства со кои националистите гранатираат станбени области – пишува во соопштение на министерството за одбрана.
Претходно, за време на обиколката на групата „Исток“, Шојгу побара од Мурадов приоритет да биде уништувањето на украинското ракетно и артилериско оружје со долг дострел, со кое се гранатира областа Донбас.
На 24 февруари Русија започна воена операција во Украина. Претседателот Владимир Путин рече дека нејзината цел е „да ги заштити луѓето кои осум години беа изложени на геноцид од режимот во Киев“.