Шојгу: Русија може да биде принудена да користи касетна муниција против Украина

од Vladimir Zorba
343 прегледи

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија може да биде принудена да употреби „слично оружје“ против Украина, на која САД ќе и испратат касетна муниција.

„Русија се воздржа и се воздржува од употреба на касетна муниција за време на специјалната операција. Во случај САД да испорача касетна муниција на Украина, вооружените сили на Русија ќе бидат принудени да користат слично оружје против вооружените сили на Украина“, рече Шојгу, според за ТАСС.

Тој потсети дека Русија се воздржува од употреба на касетна муниција, иако не се приклучила на конвенцијата за забрана за употреба на такво оружје.

Слични содржини