181
„САД и западните земји кои ја контролираат прават се за да ја продолжат специјалната операција на руските вооружени сили и да ја поттикнат борбата до последниот Украинец“, изјави денеска рускиот министер за одбрана, генерал Сергеј Шојгу.
Тој на колегиумот на военото раководство рече дека зголемените испораки на странско оружје јасно ги покажуваат намерите на западните земји да го испровоцираат режимот во Киев да се бори „до последниот Украинец“, пренесе РИА Новости.
Шојгу оцени дека акциите на руските војници и квалитетот на употребеното оружје уште еднаш покажале дека воено-политичкото раководство на Русија правилно ги одредило „приоритетите за зајакнување на вооружените сили“.