Шојгу тврди: Оружјето за Украина завршува во рацете на терористи

од Stefanija Kuzmanovska

Оружјето пренесено во Украина завршува во рацете на терористите, што влијае на стабилноста и безбедноста на Европа и на светот во целина, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува ТАСС.

„Оружјето испорачано на Украина завршува на црниот пазар и подоцна паѓа во рацете на терористичките организации, што претставува дополнителен ризик, особено со оглед на наводите за испорака на муниција со осиромашен ураниум во Украина“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на SCO (Шангајска организација за соработка) одржана во Њу Делхи.

Според него, испораките на оружје за Киев само го продолжуваат конфликтот, доведуваат до нови жртви и уништување на инфраструктурата и на крајот се враќаат како бумеранг, што влијае на стабилноста на Европа и на светот во целина, посочи тој.

Слични содржини