347
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска оцени дека украинската контраофанзива е целосен неуспех, но додаде дека ситуацијата во дел од регионот Запорожје, што е под руска контрола, е тензична, јавија западни медиуми.
„Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт. Ситуацијата е најтензична на фронтот во регионот Запорожје. Непријателот активираше бригади од своите стратешки резерви чии војници се обучени од западни инструктори“, наведе Шојгу.