Шојгу: Украинскиот артилериски оган врз Запорожје го зголемува ризикот од нуклеарна катастрофа

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека украинскиот артилериски оган врз Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, го зголемува ризикот од нуклеарна катастрофа.

Шојгу ја обвини Украина за „нуклеарен тероризам“ и ги отфрли тврдењата на Киев и Западот дека руските сили поставиле тешко оружје во областа на електраната, која е под контрола на Москва од март.

„Немаме тешко оружје во областа на нуклеарната централа, ниту во околината. Се надевам дека во тоа ќе се увери мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија“, рече Шојгу, пренесува Ројтерс.

Слични содржини