301
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека од почетокот на „специјалната воена операција“ украинската армија изгубила повеќе од 444.0000 војници.
Според него, од почетокот на годината Украина дневно губи повеќе од 800 војници и околу 120 парчиња воена опрема.
Неодамна, претседателот на Украина, Володимир Зеленски првпат објави дека во војната досега загинале 31.000 украински војници.
Додека според американските претставници за двегодишната војна убиени се околу 70.000 украински војници и речиси двојно повеќе се повредени.