Рускиот министер за одбрана Сергеј Сојгу денеска изјави дека делумната мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин се однесува на лица со воено искуство и најави дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти.
Шојгу, обраќајќи ѝ се на јавноста по Путин, рече дека оние што ќе бидат повикани ќе добијат воена обука пред да бидат распоредени.
Рускиот министер за одбрана рече дека неговата земја во Украина се бори со Западот.