Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети руските војници во Украина, јавува Ројтерс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
„На командните пунктови на руските трупи, армискиот генерал Сергеј Шојгу слушнал извештаи од командантот за моменталната ситуација и акциите на руските вооружени сили во главните оперативни области“, се вели во соопштението на Министерството. Не е познато кога била посетата и на која локација.
Јарослав Трофимов од Вол Стрит Журнал известува дека ова е првпат Шојгу да ја посети Украина од почетокот на војната.
Defense Minister Sergei Shoigu arrived with an inspection at the headquarters of the group of troops involved in the operation in Ukraine, and also presented the stars of the Heroes of Russia and the Order of Courage. pic.twitter.com/6SGQ3vLIj4
— T Boy!!!🇳🇬🇷🇺🇳🇬🇷🇺 (@TobiAyodele) June 26, 2022
Русија, која ја нападна соседната земја пред повеќе од четири месеци, во моментов ги насочува нападите врз источните украински региони Луганск и Доњецк, иако Киев исто така беше цел во неделата.
Во саботата, градоначалникот на Северодоњецк објави дека руските сили „целосно го окупирале“ градот.