Шојгу: Западот планира да ги врати силите на НАТО во Авганистан

Според него, и покрај декларативните изјави дека немаат намера да ја признаат власта на Талибанците, Лондон, Берлин и Вашингтон покажуваат тенденција кон зближување со авганистанското раководство и дека не е случајно што нивните претставници во последно време се почесто се во Кабул.

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Западот планира да ја врати воената инфраструктура на НАТО во регионот на Авганистан, изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу.

„Исто така е јасно дека западните сили, кои ги загубија своите позиции во авганистанскиот правец, развиваат планови за враќање на воените инфраструктурни објекти на НАТО во регионот“, напиша Шојгу во статија за весникот „Рускаја газета“.