Шок, еуфорија и разочарување: Синоќа некои сопственици на криптовалути мислеа дека станале милијардери

од Vladimir Zorba
402 прегледи

Главната причина за инвестирање во криптовалути е секако заработката. Додека некои го гледаат потенцијалот во биткоинот и етерот како долгорочна инвестиција која ќе донесе високи приноси со текот на годините, многу корисници се желни да заработат брзи пари. Охрабрени од разновидните приказни што ги читаат на интернет за луѓе кои ископувале или купиле биткоин навреме, собрале милиони и сега го живеат својот живот од соништата, ги инвестирале своите заштеди или земале заеми и купиле криптовалути.

Со оглед на тоа дека крипто-пазарот е прилично нестабилен и се карактеризира со големи подеми и падови, некои навистина можат да заработат добри пари од својата инвестиција за кратко време, но и да завршат во минус.

Но вчера попладне многумина помислија, барем накратко, дека успеале и дека нивната инвестиција конечно се исплатела и дека станале милионери или дури милијардери „на крилјата“ на криптовалутите.

Имено, вчера попладне откако ја лансираа популарната апликација за тргување со криптовалути Coinbase, состојбата на нивната сметка покажа милиони. Иако на сите треба да им биде јасно дека дури и на пазарот на криптовалути е невозможно илјада долари да станат сто милиони или милијарда долари за неколку часа, некои сепак, барем за кратко, поверуваа во тоа.

Но, еуфоријата и позитивниот шок не траеја долго и набрзо следеше разочарување. Имено, состојбата на нивната сметка не е променета, но Coinbase имаше проблеми со прикажување на салда на сметките кои покажуваа „надуени вредности“.

Компанијата преку Twitter нагласи дека не станува збор за проблем со тргувањето или салдото на сметките, бидејќи бројките на нив сепак одговараат на реалните вредности, но само приказот на цифрата бил различен. Значително различен.

Откако ја признаа грешката од Coinbase, тие брзо го коригираа салдото на сметките, и милиони и милијарди повторно станаа стотици и илјадници. Да не зборуваме дека многу корисници на оваа платформа за тргување со криптовалути не беа премногу задоволни со ситуацијата и се „истурија“ на Coinbase преку Twitter.

„Не си играјте така со моите чувства. Мислев дека сум богат и за малку ќе добиев срцев удар“, е само еден од коментарите на шокираните корисници на Coinbase.

Слични содржини