ШОК ВО ХОЛИВУД! По 27 години љубов, се разведува еден од најомилените парови: „Нашето патување го менува правецот…“

од Vladimir Zorba
598 прегледи

Австралискиот актер Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора-ли Фурнес и соопштија на јавноста дека на нивниот долгогодишен брак му дојде крајот.

– Среќни сме што поминавме речиси 30 години заедно во прекрасен брак полн со љубов. Нашето патување го менува правецот, решивме да се разделиме бидејќи и двајцата сакаме да се фокусираме на личниот развој, рекоа во ексклузивната изјава само за магазинот People.

Понатаму истакнуваат дека нивното семејство останува на прво место.

– Влегуваме во следното поглавје од животот исполнето со благодарност, љубов и добрина. Многу би ценеле доколку ја почитувате нашата приватност додека се случува транзицијата, се вели во соопштението.

На крајот потенцираат дека повеќе нема да зборуваат во јавноста за разделбата.

Хју и Деб се во брак 27 години и имаат две деца – Оскар (23) и Ава (18).

Тие се запознале на снимањето на австралиската ТВ серија „Корели“ и веднаш се заљубиле. Тие се венчаа една година подоцна, кога Дебора беше поголема ѕвезда од него.

Со текот на годините тие станаа еден од омилените парови на Холивуд, но медиумите често ја споменуваа нивната голема разлика во години. Имено, Хју Џекмен е 13 години помлад од Дебора.

Нивниот брак се чинеше дека е хармоничен, никогаш немало никаков скандал. Последен пат на црвениот тепих се појавија во мај на „Мет Гала“, а во јули беа заедно на машкото финале на „Вимблдон“.

Слични содржини