Шок за Роналдо, Инстаграм му избриша над 2 милиони следбеници

од Nikola Popovski

Инстаграм попладнево реши да го „пресече“ бројот на налози и да ги укине профилите на многу корисници. Не е точно јасно зошто се случило ова, но се сомнева дека е резултат на користење на неофицијални апликации за следење следбеници. Оваа одлука го погоди и Кристијано Роналдо.

Според „Бизнис инсајдер“, Кристијано Роналдо загубил повеќе од 2.000.000 следбеници поради оваа одлука на Инстаграм, кој избришал огромен број на профили.

Роналдо сега има 492 милиони следбеници на оваа мрежа, што го става на второ место кога станува збор за следбениците на Инстаграм.

Секако, оваа загуба нема да се почувствува премногу на кожата на еден од најдобрите светски фудбалери, згора на тоа се очекува да успее да ја поврати за рекордно време.

Слични содржини