Шокантна исповед на Камерон Дијаз: „Требаше да пренесам дрога за Мароко“

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската актерка Камерон Дијаз се присети на мрачните моменти од нејзината младост, кога во деведесетите ја користеа како шверцер на дрога.

За среќа, од застрашувачка судбина ја спаси главната женска улога во блокбастерот „The Mask“ со Џим Кери, а со тоа и вртоглавиот подем како актерка.

Ова експлозивно признание доаѓа во време кога 49-годишната актерка се враќа на големото платно по осумгодишна пауза во комедијата „Back In Action“.

Во подкастот „Second Life“, Камерон неодамна се присети на почетоците на нејзината кариера кога се преселила во Париз во потрага по работа како модел.

„Бев цела година во Париз и не работев ниту еден ден. Не можев да најдам работа за да преживеам. Потоа добив една работа, но мислам, испадна дека сум шверцер кој требаше да пренесе дрога за Мароко – се колнам во Бога“, изјави оваа русокоса.

Камерон истакнала дека не знаела дека носи недозволени супстанци додека не пристигнала на аеродромот и открила дека кога сфатила испаничила.

Избегнала казна затвор од најмалку 10 години за трговија со дрога и се вратила во Франција со американски официјални лица.

Слични содржини