Шокантна исповед на Клои Кардашијан до поранешниот сопруг: Татко ти ме замоли да те симнам од апарати за одржување додека беше во кома

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Клои Кардашијан откри дека таткото на Ламар Одом, НБА ѕвездата со која беше во брак, ја замолил да ги исклучи машините кога неговиот син и нејзин сопруг биле во кома во 2015 година по предозирање.

– Бев таму кога татко ти рече „исклучи ја машината“ за да бидам на твоето животно осигурување – откри старлетата во реалното шоу „The Kardashians“, каде по девет години повторно се сретнала со поранешниот сопруг.

По откритието за таткото на играчот Џо, кој почина во 2021 година, Клои му кажа на Ламар дека таа и нејзиното семејство биле тука за него кога тој имал „шест срцеви и 12 мозочни удари“.

– Не те оставив четири месеци. Добив стафилокок инфекција бидејќи живеев во болница“, додаде Клои, велејќи му на Ламар дека Коби Брајант, неговиот соиграч од Лејкерс, го посетил во еден момент кога бил на операција на белите дробови.

Клои беше во брак со Одом од 2009 до 2016 година и ги потсети сите како се чувствувала кога нејзиниот поранешен сопруг се вратил на дрога само една година откако излезе од кома: „Те удрив со тупаница по лицето и искршив се во таа куќа“.

Потоа додаде: „Верувам дека зависноста од дрога е болест. Вистината е дека никој не може да спаси друга личност од тоа, освен самата таа личност. Се обидов безброј пати да го спасам Ламар. Не можете да продолжите да правите сра*а и да очекувате луѓето да останат. Морав на потешкиот начин да научам дека не можам да спасам никого во таква ситуација“, додаде Клои Кардашијан.

Слични содржини