Шокантна изјава на Томас Маркл: Менталната борба на Меган е делумно нејзина вина

од Stefanija Kuzmanovska
621 прегледи

Отуѓениот татко на Меган Маркл, Томас Маркл (76), зборуваше за медиумите по големото интервју на неговата ќерка и принцот Хари со Опра Винфри пред неколку дена.

Имено, Томас Маркл вели дека менталната борба на неговата ќерка е делумно нејзина вина затоа што таа одлучила да ги избрише членовите на нејзиното семејството од нејзиниот живот, кои можеле да ѝ помогнат.

Маркл се појави во емисијата „Добро утро Британија“ денес и одговори на острите коментари на Меган за него за време на интервјуто со Опра, поточно кога зборуваше за неговиот договор со папараците, непосредно пред нејзината венчавка со Хари.

Томас вели дека многу пати ѝ се извинил поради тоа, а потоа стана поостар и рече дека нејзините психички проблеми и осаменост можеле да бидат спречени доколку контактирала со семејството наместо да ги исклучи сите од нејзиниот живот.

Потоа се насочил кон Хари и рекол дека неговиот зет бил бездушен пред венчавката кога тој лежел во болнички кревет, откако доживеал срцев удар.

Вели дека имал разговор со Хари во тоа време, тоа било откако Хари дознал дека Томас има работа со британските таблоиди, па му рекол:

„Ако ме слушаше, ова немаше да ти се случи“, му кажал тогаш Хари на Томас Маркл.

Томас потоа навел дека бил толку лут поради „валканиот“ коментар на Хари и дека му спуштил слушалка, па тоа бил нивниот последен разговор.

„Сите правиме грешки, но јас никогаш не сум играл билијард без облека и не сум се облакал како Хитлер, како што Хари го правеше тоа“, рече Томас.

Тој исто така негираше дека членовите на кралското семејство и британската јавност биле расисти и рече дека тврдењата на Хари и Меган за расизам во Велика Британија се „вистинско ср*ње“.

Додаде дека иако можеби е точно дека некој од кралското семејство прашал каква боја ќе има кожата на Арчи пред да се роди, тоа е веројатно само „глупаво прашање, без лоши намери“.

Слични содржини