„Шокантна нерамнотежа во дистрибуцијата на вакцините“: Повеќето земји немаат ни близу доволно вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Постои „шокантна нерамнотежа“ во дистрибуцијата на вакцините против ковид-19 низ целиот свет, а повеќето земји немаат ни близу доволно вакцини за да ги покријат ризичните групи, изјави денес генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејезус .

„Во просек, во земјите со високи приходи, скоро едно од четири лица примиле вакцина против ковид-19. Во земјите со ниски приходи, тоа е еден од над 500“, рече директорот на СЗО на прес-конференција.

Според него, досега се дадени повеќе од 700 милиони дози вакцини ширум светот, но 87 проценти од тој број се наменети за земји со висок и среден приход, додека земјите со ниски примања добиле само 0,2 проценти од дозите.

Здружението за вакцини ГАВИ и СЗО денес објавија дека шест недели по почетокот на дистрибуцијата на вакцините преку механизмот КОВАКС, биле испорачани 38,4 милиони дози во 102 земји на шест континенти.

Слични содржини