ШОКАНТНА ПРИКАЗНА ЗА МАРИО БАЛОТЕЛИ: Ги бркал соиграчите и се обиде да ги запали

од Vladimir Zorba

БРЕША се уште не може да се опорави од Марио Балотели, поранешниот член на елитното друштво е на пат да се врати таму, а приказните за „Супер Марио“ се уште се прераскажуваат. Неговиот поранешен соиграч сподели приказна која шокираше многумина.

Симонс Скраб, поранешен фудбалер на Бреша, сподели застрашувачка приказна – тврди дека Балотели се обидел да ги запали соиграчите.

Финецот даде интервју за „Ескресен“ во кое зборуваше и за палавото момче на италијанскиот фудбал.

– Дебитирав за Бреша против Милан на Ибрахимовиќ, а потоа дојде пандемијата на Ковид и се чувствував ужасно. Потоа се здобив со повреда на коленото. Во текот на летото сфатив дека нема да има место за мене и решивме се. Има неколку клубови заинтересирани за мене, ќе видиме“, почна Скраб, а потоа зборуваше за Балотели.

– Балотели е чуден тип. Кога дојде беше како капитен. На тренинзите покажа големи работи, беше класа, но потоа исчезна. Потоа ги бркаше луѓето со запалка и лак за коса за да ги запали, изјави Скраб за Балотели.

Слични содржини