Украинските војници од 225-от посебен јуришен полк објавија видео на кое наводно се гледа како украински оклопни возила пробиваат неколку слоеви руски утврдувања во регионот на Белгород, објави „Украинска правда“.
„По нашата операција во Курск, Русите „извлекоа заклучоци“. Ги зајакнаа сите граници за да спречат нов пробив на друго место. Околу 115,8 милиони американски долари беа потрошени во регионот на Белгород за „модерни и сигурни утврдувања“… Што е со вашите лица, Руси?“ стои во натписот.
По објавувањето на наводната снимка следеа бројни коментари: „Како нож низ путер“, „Москва истури милијарди во бункери направени од кал и иверица. Украина минува низ нив како врел нож низ путер. Парите изгореа, империјата се распаѓа, стравот се вовлекува“.
Reportedly, this is Ukrainian Defenders breaking through Russian fortification systems in Belgorod region.
It is reported that Russians spent over 10 billion rubles (about EUR 105,000) on these systems after Ukrainian offensive in Kursk region to make a breakthrough of their… pic.twitter.com/SgBxSlp0U6
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 9, 2025
На прашањето дали Украина спроведува операции во регионот на Белгород, како што тврди руското Министерство за одбрана, украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори дека Украина има право да преземе превентивни чекори за да ги спречи руските напади. Претходно руското Министерство за одбрана објави дека вооружените сили на Украина се обиделе да „пробијат единици на руска територија во западниот дел на регионот Белгород кон населбите Демидовка и Прилесје“.
Зеленски за прв пат јавно призна дека неговите војници се активни во руската област Белгород, која граничи со Украина. „Продолжуваме со активните операции во пограничните области на непријателска територија и тоа е апсолутно фер – војната мора да се врати од каде што дојде“, рече тој во понеделникот.
Неговите коментари се однесуваа и на руската област Курск, каде Украина сè уште има мала област по големата офанзива минатата година. Москва оттогаш го врати поголемиот дел од територијата.
Зеленски рече дека „главната цел“ е да се заштитат украинските погранични региони Суми и Харков и „да се олесни притисокот“ врз другите делови на огромната линија на фронтот, особено во источниот регион Доњецк.