Убиството на тинејџерот Нахел М. (17) предизвика немири во градовите низ Франција, како и во париското преградие Нантер каде што пораснал. Оваа земја практично со денови гори поради насобраното незадоволство кое ескалира кога полицаец го уби Наел. Неговата мајка рече дека тој работел како доставувач на храна, додека пријателите го опишуваат како многу сакано дете во неговата заедница. Еве што знаеме досега за тинејџерот чие убивство ја запали Франција.
Наел бил единец и работел како доставувач на храна. Според неговата мајка, тој сакал да игра рагби. Се запишал на факултет недалеку од местото каде што живеел, за да се школува за електричар.
Оние кои го познаваа Нахел, кој има алжирско потекло, рекоа дека тој бил многу сакан во Нантер, каде што живеел со својата мајка Мунија и никогаш не го сретнал својот татко.
Неговото досие од факултетот има и некои бурни детали. Тој и претходно и бил познат на полицијата, но адвокатите на семејството истакнале дека никогаш немал криминално досие.
Пред да излезе од дома кобниот ден, ја бакнал мајка си и тргнал на работа со зборовите: „Те сакам мамо“.
„Сакаше да се вклопи во друштвото“
Во вторникот нешто по девет часот наутро зад воланот на автомобил мерцедес бил застрелан од полицаецот во градите, од непосредна близина.
„Што ќе правам сега? Му посветив се. Имам само едно, немам десет деца. Тој беше мојот живот, мојот најдобар пријател“, изјавила неговата мајка во солзи по неговото убиство.
I have yet to ever meet an Algerian who wasn’t kind, honest, and productive. 🇩🇿 💔
It truly is heartbreaking how evil the French have treated them, not just historically but to this day!#France #Nahel pic.twitter.com/KttPjSAXvT
— Robert Carter (@Bob_cart124) June 30, 2023
Неговата баба зборувала за него како „љубезно и добро момче“.
Нахел ги поминал последните три години играјќи за рагби клубот „Пиратите од Нантер“. Тој бил дел од програма за интеграција за тинејџери кои имаат потешкотии во училиштето.
Програмата имаше за цел да ги натера луѓето од сиромашните области на работа, а Наел студираше да биде електричар.
Претседателот на здружението што ја спроведувал програмата, Џеф Пуч, бил еден од локалните жители кои најдобро го познавале. Тој го видел пред само неколку дена и зборувал за „дете тренирало рагби за да успее“.
„Тој беше некој кој имаше волја да се вклопи социјално и професионално, а не дете што се занимава со дрога или се занимава со криминал“, изјавил за „Le Parisien“.
„Видел арапско лице“
Мајката на Наел верува дека полицаецот кој го застрелал „видел арапско лице, мало дете и сакал да му го одземе животот“. Таа за телевизијата „Франс 5“ изјави дека обвинува само едно лице кое пукало, а не целата полиција: „Имам пријатели кои се полицајци – тие се со мене од се срце“, нагласила мајката.
Семејниот адвокат Јасин Бузру вели дека не се работи за расизам, туку за правда.
„Имаме закон и правосуден систем што ги штити полицајците и создава култура на неказнивост во Франција“, нагласува адвокатот.
Кога полицијата го запрела Наел, тој возел мерцедес со полски таблички, со двајца патници и без дозвола. Пријател кој бил со него во возилото изјавил дека полицаецот му рекол „Ќе ти ставам куршум во глава“, а потоа го застрелал тинејџерот.
Нахел мал претходна евиденција за возење без дозвола и користење на лажни регистарски таблички.
-Сепак, никогаш не бил осуден и немал криминално досие, изјавила семејната адвокатка Џенифер Камбл.
Франција во пламен
По убиството на тинејџерот, во многу француски градови избувнаа демонстрации. Само претходната ноќ беа уапсени над 700 луѓе, додека големите градови како Париз и Марсеј постојано горат.
Француските власти испратија 45.000 полицајци на улица, но се чини дека и тоа не е доволно да го запре гневот на демонстрантите.
Упаѓале во продавници, палеле автомобили и контејнери, фрлале цигли по излозите и се судриле со полицијата.
Дел од нив дури со автомобил влегле во куќата на градоначалникот на град јужно од Париз, при што ги повредиле неговата сопруга и детето.
Градоначалникот Винсент Жанбрун на Твитер напиша дека демонстрантите „влегле“ во неговата куќа, пред „да подметнат пожар“.
„Мојата сопруга и едно од моите деца беа повредени“, информирал тој.
Бројот на уапсени од полицијата за време на петтата ноќ од немирите се искачи на 719, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.