Шокантни тврдења: Меган ја расплакала Кејт поради критика која ја упатила кон Шарлот

од Stefanija Kuzmanovska
393 прегледи

Во последната книга на британскиот новинар Том Бауер, „Одмазда“, Меган Маркл беше опишана низ најлошите можни приказни на нејзините поранешни колеги, а според нив, војвотката наводно се насочила кон седумгодишната принцеза Шарлот.

Меган наводно ѝ коментирала на принцезата Шарлот, која тогаш имала три години, дека е дебела, поради што нејзината мајка Кејт Мидлтон се расплакала на пробата за деверуши.

Долго време се шпекулира дека Меган ја расплакала Кејт поради неприфатливата должина на фустанот за деверуша што требаше да го носи принцезата Шарлот за време на нејзината венчавка со принцот Хари, што не беше во согласност со кралскиот протокол. Кејт очигледно ја молела Меган да му дозволи на тригодишното девојче да носи хеланки под нејзиниот фустан со веќе неудобните чевли за кои се плашела дека ќе предизвикаат плускавци, но безуспешно.

Новата книга на Бауер ги потврдува оригиналните тврдења дека Меган ја расплакала Кејт поради должината на фустанот на принцезата Шарлот.

На Твитер се активни хаштаговите #MeghanMarkleExposed и #MeghanMarkleBulliedCharlotte, под нив се напишани илјадници објави, а Твитер исто така е преплавен со фотографии од делови од книгата кои би можеле да ја чинат војвотката имиџ.

Откако повеќе извори од палатата ги објавија информациите во медиумите, Меган ја сврте приказната кога во интервјуто со Опра откри дека Кејт всушност ја расплакала неа за време на несогласување.

Слични содржини