Шокантни тврдења на познат лекар за причината за смртта на Метју Пери

од Stefanija Kuzmanovska
359 прегледи

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, актерот Метју Пери, почина на крајот на октомври на 54-годишна возраст поради последици од консумирање кетамин и давење.

Меѓутоа, лекарот и експерт за зависности, Заид Фадул, вели дека извештајот на патологот дека актерот починал од акутните ефекти на кетаминот всушност не ја објаснува неговата смрт.

„Да, кетаминот бил во телото на Метју во моментот на неговата смрт и може да биде причината зошто тој засшал во своето џакузи, но очигледно се удавил“, рекол докторот.

Тој објаснува дека секаков вид на лек за седација веројатно би го имал истиот ефект, но обвинувањето на кетаминот за смртта на актерот е неправедно бидејќи, верува тој, тоа може да ги одврати луѓето од земање кетамин.

Сега, за за прашањето за тоа дали Пери користел кетамин или не на денот на неговата смрт, докторот има и теорија за тоа. Според него, актерот веројатно имал искуство со кетамин и земал сè поголеми дози, што можело да остави некакви остатоци.

„Остатоците од таа количина кетамин би можеле да бидат многу големи, доколку Метју имал висока толеранција на лекот и земал големи дози“, вели Фадул.

Во извештајот на патологот за причината за смртта на Пери се наведува дека актерот примал инфузиона терапија со кетамин во последните месеци од својот живот, но забележал дека новиот лекар му објаснил дека повеќе не му треба кетамин.

Кетаминот често се користи како лек за депресија и анксиозност, поради што актерот го земал. Меѓутоа, бидејќи неговите нивоа на кетамин биле толку покачени кога умрел, не е јасно дали го земал терапевтски или рекреативно.

Слични содржини