Шокантно откритие: Лидерот на “Исламска држава” беше во рацете на Американците

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Човекот кој раководи со најбруталната терористичка група во светот, го почнал работниот стаж како секретар. Ова го покажуваат новите податоци од американското разузнавање.Декласифицирани се податоци од досието на Абу Бакр ал-Багдади од времето пред да стане водач на “Исламска држава”, соопштува “Скај њуз”.20150219.varfypwdnl

Ал-Багдади бил поробуван еднаш од американски војници во 2004 година, во времето на инвазијата во Ирак. Тој помина скоро една година во воен затвор во јужен Ирак, се вели во документите. Вистинското име му е Авад Ибрахим Ал Бадри. Усогласен е неговиот наводен датумот на раѓање и сега се смета дека тој има

43 години. Бадри бил заробен од американското разузнавање на 4 април 2004 година во Фалуџа и пуштен на 8 декември истата година. Тој е прогласен за “цивилен затвореник” и не се смета за бунтовник. За професијата во неговите документи пишувало “Административна работа (секретар)“. Се смета дека е уапсен во акција, насочена против негов вооружен пријател. Регистрирано  е уште дека бил женет, а најблискиот роднина му бил неговиот чичко.

Во декласифицираните документи имињата на неговите блиски се променети. Приложена е и негова слика од затвор, на која носи очила. 10 години подоцна, поранешниот секретар од Фалуџа е најомразениот терорист на планетата, раководител на група убијци, потчинета на идејата за создавање на исламска држава во Блискиот Исток. Властите во САД треба да обрнат многу сериозно внимание фактот дека човекот кој е на врвот на листата со нивните непријатели, еднаш веќе бил во нивните раце, коментираа американските медиуми .