338
Една од најголемите непријатности од почетокот на пандемијата се состаноците кои се одржуваат на Зум.
Имено Максим Петлин (48), член на партијата Јаблоко на еден состнок одржан на истата платформа станува од своето биро, се соблекува и парадира пред камерите во неговата куќа.
Неговите сопартијци се труделе да не се фокусираат на него, а средбата ја продолжиле како ништо да не се случува.
Кога го прашале по состанокот зошто тоа го направил Петлин се преправал дека ништо не се случило.
– Се појавив гол? Каква глупост е тоа? Имавме состанок на интернет, но не се сеќавам дека сум бил таму – рекол Петлин, а пренесува Дејли Мејл.