Шокаровски вратен на позицијата медицински директор на Кардиохирургија

од Nikola Popovski
998 прегледи

Новиот прв човек во здравството, Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија за време на викендот од страна на заменик-министерката за здравство, Маја Манолева. Како што рече Таравари, тој ја одобрува ваквата одлука.

-Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – нормално го вратила стариот директор. Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во периодот понатаму можеби ќе назначиме нови директори секаде, рече Таравари на новинарско прашање по посетата на Хируршките клиники, непосредно по преземањето на должноста.

Претходникот на Таравари, Илир Демири истакна рече дека за разрешувањето на Шокаровски има две причини. Според податоците што стигнале до него, како што рече, имало 170 пациенти кои не се внесени регуларно во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница, а таквата бројка Демири вели дека може да ја промени и вредноста на исходот. Другата причина за разрешување на директорот, според Демири, се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција.

Сега веќе екс-министерот сметаше дека нов директор треба да биде експерт што ќе дојде однадвор.

Антикорупциска комисија одлучи дека разрешувањето на Шокаровски е незаконско и дека со него се прекршени Законот за спречување корупција и Законот за здравствена заштита.

Шокаровски беше ставен за директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.

Слични содржини