Шокираше со изјава: Ѕвездата на „Педесет нијанси сиво“ откри што ѝ е најважно во животот

од Stefanija Kuzmanovska

Американската актерка Дакота Џонсон (34) откри дека сака да спие и до 14 часа секоја вечер. Таа во неодамнешно интервју се осврна на тоа како изгледа нејзиниот работен ден.

„Немам одредено време кога се будам. Ако не работам, ако имам слободен ден, тогаш ќе спијам колку сакам. Спиењето е најважното нешто во мојот живот“, изјавила актерката, пренесе Vogue.

Ѕвездата од „Педесет нијанси сиво“ призна дека не функционира ако не спие барем 13 часа во текот на ноќта и додаде дека може да спие 14 часа без никакви проблеми.

Во слободно време, кога не спие, актерката сака да лежи во када и да ужива. Медитира два пати на ден, и вежба секој ден. Таа главно практикува јога, пилатес или вежби со телесна тежина.

Инаку, експертите за спиење од Sleep Foundation велат дека здравите возрасни треба да спијат најмалку седум часа на ден. На бебињата, малите и тинејџерите им треба уште повеќе сон за максимално да се развиваат.

Дванаесет часа сон кои ѝ се потребни на Џонсон за да биде „функционална“ се препорачуваат за деца од предучилишна возраст од три до пет години, а 14 часа, колку што може да спие „без проблем“, се препорачуваат за деца на возраст од една или две години.

Слични содржини