Шолц: Доколку САД престанат да испраќаат помош за Киев, Германија нема да може самата да се справи со тоа

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Доколку Соединетите Американски Држави и Европската Унија престанат да ја снабдуваат Украина со воена помош, Германија нема да може самата да се справи со тоа, изјавил германскиот канцелар Олаф Шолц на дебатата во Бундестагот за усвојувањето на буџетот за 2024 година.

Шолц изразил уверување дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден може да постигне договор за дополнителна помош за Киев, како и дека членките на ЕУ ќе поддржат уште една четиригодишна програма за помош на Украина на утрешниот вонреден самит, во чии рамки се планира да бидат издвоени 50 милијарди евра.

„Но, замислете за момент дека тоа не се случува. Во тој случај, Германија би станала најголемиот светски снабдувач на оружје за Украина. Драги пријатели, мораме да направиме се што е можно на меѓународно ниво, за да не дојде до ваква ситуација, бидејќи би било претенциозно да се претпостави дека самите ќе се справиме со тоа“, нагласи тој.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на крајот на декември изјави дека последниот пакет воена помош во вредност од 250 милиони долари ѝ бил доставен на Украина во 2023 година. Како што предупреди Белата куќа, ова ги исцрпило средствата кои ги имале на располагање за поддршка на Киев. Исто така, истакна дека нема да има нови испораки на оружје и муниција во Украина додека Конгресот не одобри дополнителни средства.

Слични содржини