Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија нема да прифати странско мешање во нејзината демократија, изјава што ја даде еден ден откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја критикуваше европската демократија на Минхенската безбедносна конференција.

По парламентарните избори, закажани за 23 февруари, Германија сама ќе одлучи како да ја развие својата демократија, рече Шолц, повторувајќи го својот став против екстремната десница, пренесе АП.

„Германија е многу силна демократија и како силна демократија, апсолутно ни е јасно дека екстремната десница треба да биде надвор од процесот на донесување политички одлуки и нема да има соработка со нив“, рече Шолц пред изборите, на кои, според анкетите, екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) има 21 отсто поддршка и е на второто место зад Христијанската социјалистичка унија (ЦСУ/ЦДУ) со поддршка од 32 отсто.

Слични содржини