31
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека германските граѓани не поддржуваат префрлање на ракетите со долг дострел „Таурус“ во Украина, кои можат да се користат за напади на руска територија.
„Сега има војна во Европа и тоа ги загрижува граѓаните. Во оваа војна, треба внимателно да размислиме како да се однесуваме мудро, како да дејствуваме претпазливо, … да дејствуваме претпазливо кога станува збор за војна и мир“, рече тој во интервју за германскиот ТВ канал ЗДФ.
Канцеларот рече дека го „нервира“ тоа што речиси три години има изјави дека нешто не е доволно направено, дека уште нешто треба да се направи, додека, како што наведе, често не се забележува дека актуелната германска влада „одамна стана главен снабдувач на помош за Украина“.