Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го критикуваше Иран за неговата поддршка за палестинската милитантна група Хамас и рече дека ќе работи со регионалните сили за да се обиде да го запре натамошното ширење на насилството.
„Иако немаме цврсти докази дека Иран оперативно го поддржал овој кукавички напад, на сите им е јасно дека без иранска поддршка, Хамас никогаш немаше да може да го изврши овој напад без преседан“, рече Шолц, пренесе „Ројтерс“.