Шолц: Иран и Хезболах итно ги прекинат нападите врз Израел

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги повика Иран и Хезболах веднаш да престанат со нападите врз Израел и предупреди дека Иран ризикува да ја разгори ситуацијата во целиот регион.

Шолц рече дека Германија и нејзините партнери ќе продолжат да работат на постигнување примирје, пренесe Ројтерс.

„Иран ризикува да го разгори целиот регион – тоа мора да се спречи по секоја цена. Хезболах и Иран треба итно да ги запрат нападите врз Израел“, заклучи германскиот канцелар.

Слични содржини