Шолц: Ќе разговарам со Путин за Украина

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека планира наскоро да ги продолжи разговорите со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се спречи ескалација на војната во Украина.

„Да, решив да разговарам со рускиот претседател во вистински момент. Но, јас сум одговорен политичар, не го правам тоа сам“, изјави Шолц за јавната телевизија АРД.

Тој додаде дека за разговор со Путин потребни се бројни контакти и разговори со други, а за овој проблем треба да се разговара и со Украина.

На прашањето кога би било вистинското време за разговор со Путин, Шолц одговори дека тоа ќе биде „наскоро“. „Мора да се осигура дека Украина може да се потпре на нас и на другите и дека не мора да се плаши да биде сама. И во исто време, правиме се што можеме за да спречиме ескалација на оваа војна“, рече Шолц.

Тој додаде дека „тие“ мора да одлучат дали војната ќе продолжи на неодредено време или може да се најдат начини за нејзино завршување.

Шолц веќе ја покажа својата подготвеност да разговара со Путин за праведен мир во Украина во средината на октомври. Последен пат тој имаше телефонски разговор со рускиот претседател во декември 2022 година.

Германскиот канцелар постојано бараше дипломатско решение и повлекување на руските војници од Украина. Официјална Москва на почетокот на октомври објави дека Путин е отворен за дијалог, дури и ако односите со Берлин се „на нула“.

Слични содржини